Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Може не е голема ама е редовна! Каква „инфузија“ ќе примат акционерите на „Македонијатурист“?
Економија

Може не е голема ама е редовна! Каква „инфузија“ ќе примат акционерите на „Македонијатурист“?

22/03/2023

AA

Околу 80.000 евра се наменети за идните пензионери кои се членови и на задолжителниот пензиски фонд сокој управува „Сава пензиски фонд“ кој пак за да ги оплоди нивните вложувања инвестирал во акции на најголемата хотелиерска компанија

Најголемата македонска хотелиерска компанија ќе издвои 860.000 евра дивиденда (бруто) за своите акционери. Ова е предлог одлука за која ќе гласаат акционерите на оваа компанија на 19 април годинава.

Важна информација за малите домашни акционери – физички лица е таа дека нето дивидендата по акција ќе изнесува 117 денари (речиси 2 евра по акција) што е сличен износ и на дивидендата што беше исплатена лани за работењето во 2021 година.

Од вкупниот износ што е предвиден за исплата на дивиденда од ланската добивка се издвоени 276.400 евра, а уште 583.250 евра се од добивки од претходни години кои биле акумулирани и расположливи за поделба на дивиденда.

Најголемата хотелиерска компанија во Скопје поседува шест хотели, а четири од нив работат. Лани во март започна да работи целосно реновираниот хотел со 5 ѕвезди „Холидеј Инн“ во чие комплетно реновирање компанијата вложи 4,1 милиони евра. Во функција во април лани беше пуштен и „Хотел Карпош“ кој не работеше заради кратење на трошоци заради ковид рестрикциите.

Во функција се уште хотелите „Бест Вестерн“ во центарот на Скопје и „Белви“ во непосредна близина на автопатот Скопје – Куманово.

Најголеми акционери во „Македонијатурист“ се нејзиниот долгогодишен директор ипретседател на Управен одбор Доне Таневски кој поседува 19,6 отсто од акциите и Соња Бибановска, член на Управниот одбор со 11,3 отсто од акциите.

„Македонијатурист“ меѓу македонските компании важи за еден од најголемите и најуспешни инвеститори во финансиски инструменти. Од нејзините вложувања во депозити и во хартии од вредност од камати и дивиденди остварила финансиски приходи вредни речиси 1 милион евра.

 Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy