Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Може ли државата со 10 милиони евра за станови да им се спротистави на ненаситните инвеститори?
Економија

Може ли државата со 10 милиони евра за станови да им се спротистави на ненаситните инвеститори?

14/02/2025

AA

Државата за оваа година со само предвидени 10 милиони евра за изградба на станови за комерцијална продажба ќе им конкурира на бројните и далеку помоќни градежни инвеститори, кои ги билдаат цените се повеќе од година в година.

Во финансискиот план на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор за 2025, како и во донесената владина Програма за изградба, продажба и оддржување на станбениот простор во сопственост на РСМ за оваа година е наведено дека планираните средства изнесуваат 610 милиони денари.

Државата, преку јавното претпријатие за станбен и деловен простор, најавува засилени инвестиции во изградба на комерцијални станбени згради, со цел да се намали цената на станбениот квадрат, но останува да се види колку тоа е остварливо кога во таа „битка“ влегуваш со само 10 милиони евра на лагер.

Во моментов во фаза на градба е комерцијална зграда во градската четврт Даре Џамбаз, кај „старата воена пекарница“ на Јужен булевар во Скопје. Објектот има 112 станбени единици и тие се веќе продадени, велат од јавното претпријатие. Овие станови на првото јавно наддавање одржано на почетокот од 2024 година достигнаа цена од околу 1.600 евра за квадрат, а почетната цена беше 1.450 евра. На второто наддавање, одржано во јули, цената стигна и до 1.916 евра. И оваа цена е сѐ уште значително пониска од онаа на становите чии инвеститори се приватни фирми, а се наоѓаат во близината на оваа локација, кои достигнуваат и по 2.300-2.500 евра за квадрат. Пред една недела АДСДП огласи 65 стана од комерцијалната зграда во Битола кај старата касарна по пoчетна цена на наддавање од 1.000 евра. Оваа зграда допрва треба да се гради.

Акционерското друштво ги планира овие средства за 2025 за онаму каде што најмногу има побарувачка – 4,2 милиони евра за две згради во Скопје, 3 милиони за три згради во Битола, 2,5 милиони за две градби во Охрид и околу 300.000 евра за градба во Штип. Долгорочно за овие проекти ќе бидат потребни повеќе пари. Во планот пишува дека тоа се вкупно 665 стана на кои се работи, со вкупна површина од 41.000 метри квадратни.

Владата декларативно одлучи преку изградба и продажба на државни станови да ја намали цената на станбениот квадрат за 30 до 40 проценти. Уривањето на цените, според министерот за транспорт Александар Николоски, започнува од Битола.

„Моментално цените на комерцијалните станови во неколку градови галопираат. Се обидуваме да интервенираме со оваа цена, која е далеку пониска од она што моментално се нуди на пазарот“, изјави Николоски во своето последно телевизиско гостување.

Сепак, истовремено Марјан Стефановски, директорот на АДСДП, самиот во своето интервју пред неколку дена рече дека за корекција на цените, државата ќе треба да се подтруди финансиски многу повеќе.

– Најавените засилени инвестиции во изградба на комерцијални станбени згради се во насока на намалување на цената на станбениот квадрат, а со тоа и на неконтролираниот раст. Оттука, за вистински да ја оствариме улогата на коректор на цената на станбениот квадрат, нам ни е потребна изградба на поголем број комерцијални станбени згради, но затоа ќе ни треба одреден временски период. Нашите планови се да се наметнеме како посериозна конкуренција на приватните инвеститори, рече Стефановски.

Првиот човек на друштвото наедно реферираше за ситуацијата на терен околу продажбите и изградбите на акционерското друштво како инвеститор.

– Во моментов, во фаза на градба е комерцијална зграда во градската четврт Даре Џамбаз, кај Стара воена пекара, Скопје. Објектот има 112 станбени единици кои беа продадени веднаш, по само два јавни повика, што само по себе зборува за огромната заинтересираност на купувачите. Покрај почетната цена од 1.450 евра за квадратен метар, дополнителен показател за довербата на граѓаните во АДИССДП е и високиот квалитет на градбата кој е впрочем и препознатлив елемент кај сите наши згради.

Исто така, започната е изградба на комерцијална станбена зграда во Битола која ќе има 65 станбени единици. Јавноста веќе е запознаена дека цената ќе биде за 30 до 40 проценти поевтина од онаа на пазарот во моментов, односно почетната цена ќе изнесува 1.000 евра за квадратен метар. Во овој град е предвидена градба на уште еден станбен објект со вкупно 60 станови.

Дополнително, АДИССДП ќе гради две комерцијални згради во Охрид со вкупно 130 станбени единици. Тендерската постапка за едниот објект е веќе во тек, а за втората се очекува наскоро да почне. Според „Годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбен простор во сопственост на РМ“, која е во фаза на донесување, предвидено е и проектирање на комерцијални станбени згради, и тоа во Штип, Битола, Скопје и во Велес, вели Стефановски.

АДСДП во 2025 предвидува дека ќе оствари 10,5 милиони евра приходи од продажба на станови во градба.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ ДУВА УМЕРЕН ВЕТЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД И ОД ЈУГ

27/01/2026
Македонија

Уставниот суд формираше два предмета за оспорени одредби од проектот

27/01/2026
Македонија

Џихан Ахмед поднесе оставка

27/01/2026
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ЌЕ ГО ОЦЕНУВА „СЕЈФ СИТИ“ Формирани два предмета

27/01/2026
Македонија

СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците

27/01/2026
Македонија

ССНМ се приклучува на утрешниот работнички протест за зголемување на

27/01/2026
Македонија

Манипулативни изјави или дијалог? Тензиите меѓу МНР на Бугарија и

27/01/2026
Македонија

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЈА ДЕМАНТИРА СУДИЈКАТА САВОВСКА Невистините и манипулациите не

27/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ ДУВА УМЕРЕН ВЕТЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД И ОД ЈУГ Облачно време со локален дожд

27/01/2026

Времето утре ќе биде претежно облачно, најавува Управата за хидрметеоролошки работи. Во источните делови од Македонија ќе врне повремен локален

Уставниот суд формираше два предмета за оспорени одредби од проектот „Сејф Сити“

27/01/2026

Уставниот суд информира дека се формирани два предмета по поднесени иницијативи за оспорување на измени и дополнувања на Законот за

Џихан Ахмед поднесе оставка

27/01/2026

Џихан Ахмед која беше кандидат за член на Комисијата за дискриминација си поднесе оставка. На расправата, и покрај тоа што

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy