Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Може ли да има живот на Марс? Ново откритие нуди надеж
Магазин

Може ли да има живот на Марс? Ново откритие нуди надеж

13/08/2024

AA

Постои можност огромен резервоар на вода да се наоѓа длабоко под површината на Марс, во карпестата надворешна кора на планетата. Резервоарот е толку голем што би можел да наполни океан кој би ја покривал површината на целата планета, заклучија научниците врз основа на Сеизмички податоци добиени од сондата „Инсајт“ на агенцијата НАСА, за време на мисијата што ја истражуваше внатрешноста на Марс.

Водата, која се наоѓа на околу 11,5 до 20 километри под површината на Марс, потенцијално нуди услови поволни за одржување на микробиолошки живот, било во минатото или сега, велат истражувачите, пренесува „Ројтерс“.

„На овие длабочини кората е доволно топла за водата да постои како течност. На помали длабочини, водата би била замрзната, како мраз“, изјави научникот од Универзитетот во Калифорнија и главен автор на студијата Вашингтон Рајт објавена во понеделникот во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“, .

„Инсајт“ слета на Марс во 2018 година за да ја проучува внатрешноста на планетата, собирајќи податоци за различните слоеви. Мисијата на сондата заврши во 2022 година. Научниците добија податоци кои укажуваат на присуство на вода.

Површината на Марс денес е студена и неплодна, но некогаш била топла и влажна. Студијата сугерира дека голем дел од водата што се наоѓала на површината на Марс се филтрирала во кората.

Геолошките истражувања покажаа дека пред повеќе од три милијарди години на површината на планетата имало езера, реки и океани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy