
Moже ли цената на струјата да се намали?
Граѓаните се во исчекување за колку ќе се зголеми цената на струјата. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во емисјката Аргумент плус изјави дека се прават крајни напори цената на струјата да не се зголеми. Бислимовски уверува дека два часа евтина дневна трарифа ќе има пред стартот на следната грејна сезона.
Разочарување кај граѓаните предизвика веста дека долго најавуваната дневна евтина тарифа на електричната енергија нема да се врати од јули. Таа ќе стартува одново наесен.
