
МОЖЕ ДА ДОБИЕ И ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР: Свртничарот го испратил возот по погрешна пруга
Како што пишуваат грчките медиуми, свртничарот признал вина, односно го испратил возот по погрешна пруга.
Свртничарот вработен во железничката страница во Лариса ја признал вината за фаталната несреќа што се случи во Грција синоќа, јавуваат дел од грчките медиуми.
Грчката телевизија Скај јавува дека во прашање е свртничарот кој веќе е уапсен и пред истражните органи признал дека го упатил еден од возовите на погрешна пруга односно на пругата по која од спротивната насока веќе се движел другиот воз.
Во исказот тој навел дека ја сфатил грешката веднаш штом слушнал за несреќата.
Се соочува со тешки кривични дела, односно му се заканува кривична постапка за нарушување на безбедноста во сообраќајот со последица смрт на повеќе лица. За ова дело, како што наведува телевизијата ЕРТ, според последните измени на грчкиот Кривичен законик е предвидена казна од 10 години до доживотен затвор. Можни се обвиненија и за повеќекратно убиство од небрежност.
Во несреќата што се случи синоќа околу полноќ во Грција, при судир на два воза загинаа најмалку 42 луѓе.
Се појави и снимка од судирот.
Фото: EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS

