
МОРАА ДА ИНТЕРВЕНИРААТ ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО ЗРЕЊАНИН: Бебе ја заклучило мајка си на тераса
Во Србија, бебе ја заклучило мајка си на тераса, по што морале да реагираат пожарникарите.
Пожарникарите во градот Зрењанин морале да спасат жена која бебето ја заклучило на терасата. Станува збор за машко дете кое имало една година. Сепак, се претпоставува дека вратата автоматски се заклучува кога се затвора. Пожарникарите донеле скала и ја симнале жената. Ова се случило во стан на првиот кат.
Foto: Nikola Anđić