
МОНСТАТ ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку заработуваат Црногорците?
Во Црна Гора просечната нето плата достигна 1.003 евра. Просечната бруто плата во март годинава во Црна Гора изнесувала 1.195 евра, а просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 1.003 евра, објави Дирекцијата за статистика МОНСТАТ.
„Просечната нето плата во март во споредба со февруари бележи раст од 0,1 процент, додека во споредба со истиот месец од претходната година, бележи раст од 21,6 проценти. Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во март во споредба со февруари забележаа раст од 0,3 проценти, следува дека реалната заработка за истиот период се намалила за 0,2 проценти“, соопштија од МОНСТАТ.
Најголемо месечно зголемување на просечните плати е забележано во бизнисот со недвижности (17 проценти). Но, од друга страна, најголемо намалување на платите е забележано во секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5,2 проценти).
foto freepik.com

