
Монако со два црвени картони до бод против Марсеј
Бен Једер го постигна првиот гол за водство на „кнезовите“, но потоа Марипан доби директен црвен картон. Пјер-Емерик Обамејанг ја врати неизвесноста во 38. минута, но гостите во завршницата на првото полувреме стрелаа за 2-1.
Балерди погоди за 2-2 на почетокот на вториот дел, по што продолжи големата битка на теренот, а на крајот двете екипи си поделија по еден бод.
Монако е четврти во Лига 1 со 34 бодови, додека Марсеј е на шестото место со 29 бода.
