Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Монако е трет патник на фајнлфорот во Евролигата во Каунас
Спорт

Монако е трет патник на фајнлфорот во Евролигата во Каунас

10/05/2023

AA

Монако им се придружи на Барселона и Олимпијакос како трет патник на фајнлфорот во кошаркарската Евролига откако вечерва во мајсторката на домашен терен го победија Макаби Тел Авив со 97-86 за вклупни 3-2 во четвртфиналната плејоф-серија.

Џордан Лојд со осум поени во низа и Донта Хал со четири во последните пет минути на Монако му обезбедија џиновска серија од 12-2, па негативата од три поени (76-79), ја претворија во позитива од седум (88-81) за да исчекорат кон победата, па во завршните две ипол минути, со серија слободни фрлања само го заверија триумфот и го обезбедија завршниот турнир во најсилната лига на Стариот континент.

Макаби влезе во мечот исклучително расположен, во првиот период даде 33 поени, имаше плус седум, но Монако одговори со цврста одбрана и подобра втора четвртина која ја доби со 27-16 за да замине на пауза од плус три, па во многу тесниот втор дел, пресуди на крај одличната серија во последните пет минути од мечот.

Лојд со 21 поен, како и Мајк Џејмс со ист кошгетерски учинок беа двајцата предводници на Монако, а Хал и Чима Моенке додадоа по десет поени. Кај Макаби, Вејд Болдвин имаше 27 поени и шест скока, а Лоренцо Браун и Џарел Мартин додадоа по 12.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тошковски: Одговорност ќе има за сите што придонеле за кризата

23/07/2026
Македонија

Продолжува контролата на водата во Гостивар, утврдени отстапувања во анализите

23/07/2026
Македонија

Велешкото езеро „Младост“ и понатаму забрането за капење

23/07/2026
Македонија

Итни мерки во Гостивар: Започна хиперхлорирање на водоводот, нормализирање на

23/07/2026
Македонија

Загинат работник на „Комуналец“ десет дена пред поставувањето на спорните

23/07/2026
Македонија

Уапсен возач-почетник, возел 211 км/ч на автопатот Скопје–Тетово

23/07/2026
Македонија

ИТНА ИНТЕРВЕНЦИЈА: Два „ер трактори“ и „пинцгауери“ на ДЗС го

23/07/2026
Македонија

ЦУК со итна координација во Гостивар: Обезбедени над 170 тони

23/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44608
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тошковски: Одговорност ќе има за сите што придонеле за кризата со водата во Гостивар

23/07/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар ќе сноси секој што

Продолжува контролата на водата во Гостивар, утврдени отстапувања во анализите

23/07/2026

Емилија Јанеска од лабораториско-експертскиот тим на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека анализите на водата во Гостивар покажале

Велешкото езеро „Младост“ и понатаму забрането за капење

23/07/2026

Водата во вештачката акумулација „Младост“ кај Велес останува небезбедна и строго забранета за капење и рекреација, покажуваат најновите анализи на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy