Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МОН контра Владата: Неработните 24 април и 8 мај, училиштата сепак ќе ги одработуваат
Македонија

МОН контра Владата: Неработните 24 април и 8 мај, училиштата сепак ќе ги одработуваат

19/04/2024

AA

Деновите на одржување на изборите, 24 април и 8 мај, Владата ги прогласи за неработни и денови кои нема да се одработуваат. И покрај одлуката на владината седница одржана во вторникот, дека истата ќе важи за сите граѓани на територијата на државата, очигледно ова не важи за Министерството за образование.

Од МОН, како што објави претседателот на СОНК, Јаким Неделков, до училиштата испратиле известување во кое се наведува дека овие денови сепак ќе се одработуваат со одржување на часови.

-Со цел да се исполни одредбата од Законот со кој учебната година се остварува во 180 наставни денови, а притоа да не се продолжи учебната година, деновите кога се одржуваат изборите ќе се надоместат со организирање на настава во следните денови:

-18 мај (сабота) со часови од денот 24 април 2024 година и 1 јуни (сабота) со часови за денот 8 мај 2024 година

Воедно за училиштата кои се наоѓаат на територија на Град Скопје за денот 30 ноември 2023 (четврток), кога согласно Нацрт записникот од 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14 ноември 2023 година, се одреди како неработен ден за учениците од основните училишта на територија на Град Скопје, наставниот ден ќе се одработи на 15 јуни (сабота) во часови од денот 30 ноември 2023, се вели во известувањето пратено од МОН, а кое го објави Неделков.

Во неговата реакција тој го повика Министерството веднаш да го повлече испратеното известување до училиштата.

-Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни? Министерот за образование веднаш да го повлече Известувањето до училиштата, со кое се задолжуваат да ги одработат ,,неработните” денови, прогласени од Владата, заради одржување на престојните избори, пишува Неделков.

Претседателот на СОНК потсетува дека и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни денови, како на пример учебната 2021/22 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy