Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Момчето кое за 18 секунди ѝ побегна на Барса во јануари, сепак доаѓа – утре!
Спорт

Момчето кое за 18 секунди ѝ побегна на Барса во јануари, сепак доаѓа – утре!

15/02/2023

AA

Баксузниот тинејџер, Хулијан Араухо, кој на 31 јануари не направи трансфер во Барселона затоа што здоцни 18 секунди, сепак ќе ја исполни својата кариерна желба и ќе пристигне во каталонската престолнина.

Араухо доаѓа утре, меѓутоа во Барселона Б, бидејќи првиот тим, се разбира, нема право повеќе да регистрира нови играчи. Тој беше желба на Чави Ернандес како освежување на десната бековска позиција, меѓутоа Барса не успеа да го купи од бизарна причина, затоа што задоцни 18 секунди по трансфер рокот, поради компјутерска грешка.

Случајот беше разгледан од ФИФА и премнот на Араухо е дозволен, меѓутоа сезонава ќе ја доврши во Барселона Б, чиј тренер е еден друг Мексиканец, легендата Рафа Маркес. Араухо дури налето ќе му се стави на располагање на Чави, токму кога ќе истече договорот на актуелниот прв десен бек, Серџи Роберто.

ЛА Галакси ќе инкасира четири милиони евра за фудбалерот кој во своите редови го зеде во 2018 година. Интересно е дека 18-годишниот Араухо, сепак потекнува од школа на Барселона, поточно од прекуокеански огранок на Ла Масија, во Каса Гранде, во Аризона. Оттаму преминал во ЛА Галакси, со идеја еден ден да дојде во сениорскиот тим на Барса. Станува збор за тинејџер, кој е роден во Калифорнија, но по потекло е Мексиканец. Ги минал сите младински категории на американската репрезентација, но на крај решил во сениорските води да го претставува Мексико, па има и три настапи за националниот тим.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy