Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Момчето кое пукаше во наставник во Лукавац е на тајна локација
Регион

Момчето кое пукаше во наставник во Лукавац е на тајна локација

15/06/2023

AA

Малолетникот кој вчера застрела наставник во Лукавац во БиХ, е пренесен на психијатрија. 

Сега следи постапката на неговото вештачење, а потоа истрагата ќе биде прекината, затоа што како малолетник не може кривично да одговара, пренесува Српскаинфо. Meдиумот пишува дека момчето е на тајна локација. Нема да биде препуштен самиот на себе, туку ќе биде под надзор на стручњаци, велат од Центарот за социјални работи. Оттаму не откриваат на која локација се наоѓа детето, за да ги заштитат неговите интереси. 

Ученикот со иницијали Г.М., кој нема навршено 14 години, вчераутро во Основното училиште „Лукавац Град“ неколку пати пукал со пиштол во правец на професорот по англиски јазик и помошник директор на училиштето, Недим Османовиќ.

Неофицијално, тој го застрелал наставникот со пиштол што му припаѓал на неговиот починат дедо, а оружјето го нашол на поткровјето од куќата. По смртта на дедото, таткото на момчето требало да го предаде пиштолот на полицијата, што не го сторил. Полицијата го уапси таткото вчера во доцните попладневни часови.

Според Кривичниот законик на ФБиХ, овој малолетник не може кривично да одговара за стореното дело. Како што објаснуваат од Обвинителството на кантонот Тузла, законските одредби налагаат целиот настан да биде документиран, а сите надлежни институции ќе ги достават своите извештаи до Обвинителството.

Во случајот веднаш е вклучен Центарот за социјална работа, а контактирани се и надлежните институции кои се занимаваат со детските прашања.

Наставникот е на одделението за интензивна нега во Тузла. Како што соопшти портпаролката Ерсија Ашчериќ за порталот N1 БиХ, повредениот е тргнат од кислородна поддршка.

Фото: Radio-televizija Lukavac

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026
Македонија

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните

16/08/2026
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
Македонија

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026
Македонија

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026
Македонија

Операција „Вардарис“ разби шема за шверц: Дрога вредна милиони скриена

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45048
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026

Денеска, во 12:04 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава за повредено лице кое се наоѓало

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните бараат итна реакција!

16/08/2026

Скендал и бран реакции во јавноста предизвикаа фотографиите и видеата од потопената црква „Св. Никола“ во Маврово, на кои се

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026

На 16.08.2026 околу 02:35 часот во СВР Скопје К.Б.(70) од Скопје пријави дека во с.Бардовци, скопско кон домот бил фрлен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy