Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МОМЧЕТО ИМАШЕ САМО 13 ГОДИНИ, ЖРТВА Е НА УБИЕЦОТ ОД ЦЕТИЊЕ: Мартиновиќ пукал и во деца
Регион

МОМЧЕТО ИМАШЕ САМО 13 ГОДИНИ, ЖРТВА Е НА УБИЕЦОТ ОД ЦЕТИЊЕ: Мартиновиќ пукал и во деца

02/01/2025

AA

Ацо Мартиновиќ во
масакрот во Цетиње уби и две деца на на возраст од 10 и 13 години, пријателите
се збогуваат со момчето на социјалните мрежи.

Една од 12-те
жртви е момчето М.В. кое имаше само 13 години. Пријателите на социјалните мрежи
се збогуваат со со фотографии и тажни пораки.

-Сега кој ќе ме
изнервира, па ќе ме насмее со неговиот одговор. О Боже, зошто земаш добри души.
Ниту еден час нема да биде ист без тебе. Почивај во мир ангелу. Нека ве чуваат
ангелите – пишува на една од фотографиите.

Мартиновиќ го
започнал злосторството во ресторанот Велестово во близина на Спортскиот центар.
Потоа ги убил членовите на своето семејство и двете деца на возраст од 10 и 13
години на три познати локации. Полицијата соопшти дека се уште се утврдува
мотивот.

Обвинителката
Андријана Настиќ потврди дека во Цетиње биле убиени 12 лица, а осомничениот Ацо
Мартиновиќ се самоубил. Како што пренесува црногорски „Вијести“, обвинителот
истражил шест локации, од кои на пет биле извршени убиствата и местото каде што
осомничениот се застрелал.

Како е окарактеризиран убиецот?

– Се работи за
опасна личност, несовесна и брутална – изјави синоќа директорот на Полициската
управа Лазар Шќепановиќ. Тој додаде дека, според официјалните податоци,
Мартиновиќ не поседувал регистрирано оружје.

Ацо Мартиновиќ
(45) пред две години беше уапсен поради поседување оружје и закани. Не се знае
дали и на каква казна тогаш бил осуден.

Шќепановиќ изјави
дека Мартиновиќ бил осуден во 2005 година за насилничко однесување. Тој посочи
и дека во 2022 година биле преземени одредени мерки, меѓу кои и претрес, при
што била пронајдена воздушна пушка, друго оружје и експлозиви.

фото: Print Screen/Social Media

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy