
Момче од Кавадарци уценувало друго момче од Неготино!
На 19.02.2024 во 00.55 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.Ф.(21) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 27-годишник од Неготино дека Ј.Ф. на социјална мрежа го уценувал за да му даде пари.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и му бил одземен мобилниот телефон за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
