Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Модриќ: Реал никогаш не барал да се откажам од Хрватска!
Спорт

Модриќ: Реал никогаш не барал да се откажам од Хрватска!

20/02/2023

AA

Најголемата хрватска ѕвезда Лука Модриќ, кој сѐ уште не потпишал нов договор со Реал Мадрид зашто актуелниот му истекува на крајот на сезонава, ги демантираше неодамнешните пишувања на шпанските медиуми, дека „кралскиот клуб“ му поставил ултиматум да прекине да игра за репрезентацијата.

Модриќ со Хрватска има сребро од СП во Русија во 2018 година и бронза на последното СП во Катар, па најави дека ќе продолжи да игра за „коцкестите“ до фајнлфорот во Лигата на нациите летово, а потоа ќе донесе одлука дали ќе исутка уште еден циклус за Еуро 2024 и континенталниот шампионат да биде негов последен голем турнир.

„Јас како што реков после СП во Катар, план ми е да играм за Хрватска до крајот на Лигата на нациите. Не сум донел одлука што потоа. Ќе видиме, но мора добро да размислам. Реал никогаш не барал да престанам да играм за репрезентацијата. Не е нивен стил да поставуваат ултиматуми. И плус, настапите за Хрватска никогаш не влијаеле за моите настапи во Реал. Многу се зборува за моите години, а јас покажав дека можам да играм и за Реал и за Хрватска. После Лигата на нации ќе донесам одлука што потоа“, рече Модриќ.

Тој додаде дека е мирен за новата соработка, потенцирајќи дека „кралскиот клуб“ е клуб на неговиот живот.

„Јас после СП играм сѐ подобро, добро се чувствувам и се надевам така ќе биде до крај на сезоната. Не можам ништо да кажам за продолжување на договорот, зашто сѐ уште не сум разговарал со раководството. Но, мирен сум, секогаш истото го повторувам – сакам да останам! Јас прво мора да разговарам за да видам што мислат во клубот. Сакам да го заслужам договорот, а не да ми го подарат. Никој ништо во живот не ми подарил и сакам да останам поради заслуги. А, ништо не може да го смени моето мислење за Реал, тоа е клуб на мојот живот и никој и ништо не може да го промени тоа“, додаде Модриќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy