
„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на терен – се испумпува вода од поплавените куќи во Буковиќ
Висок владин и општински врв денеска итно излезе на терен во општина Сарај за да ја координира битката со поплавите предизвикани од обилните дождови. Првиот вицепремиер Беким Сали, директорот на ЦУК Мухамед Али и ресорните министри ги посетија критичните точки во селата Буковиќ и Семениште, каде состојбата е најсериозна.
Во обиколката на поплавените подрачја, покрај директорот на ЦУК и првиот вицепремиер, вклучени се и министерот за животна средина Мухамед Хоџа, градоначалникот на Сарај Мухамед Елмази, како и Зекерија Бериша. Целта на посетата е „непосредно следење на состојбата“ и координација на институциите за побрзо справување со последиците.
Веднаш по пријавите за поплавени домови, Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги активираше сите расположиви ресурси. На терен се одвива интензивна акција:
Надлежните порачаа дека екипите ќе останат на терен се додека состојбата целосно не се стабилизира и не се минимизираат штетите врз имотот на граѓаните.
