Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мојсока Блажевски: Од основање Македонија 2025 има имплементирано програми за економски развој од 3,6 милиони долари
Економија

Мојсока Блажевски: Од основање Македонија 2025 има имплементирано програми за економски развој од 3,6 милиони долари

27/04/2023

AA

Извршната директорка на Македонија 2025, Никица Моjсоска
Блажевски, во своето обраќање на отворањето на Самитот, потсети за улогата и
мисијата на организацијата.

„Наша главна заложба уште од основањето на Македонија 2025 е
поддршка на напредокот на земјата, преку вклучување на македонската дијаспора
во актуелните случувања во земјата во насока на градење на силна и
просперитетна нација. Сите ние имаме одговорност пред нашите семејства и идните
генерации да обезбедиме подобра и попросперитетна иднина, повисок животен
стандард и квалитет на живот. Во таа насока ние се стремиме преку нашите
активности да ги обединиме сите засегнати страни, да ги усогласиме клучните приоритети
и да работиме кон постигнување на целите. Искрено верувам дека Македонија 2025
преку своите активности и програми, вклучително и Самитот ќе придонесе кон
развој на земјата“.

Од своето основање досега Македонија 2025 има имплементирано
програми за економски развој со вкупна вредност од 3,6 милиони долари. Во
секторите образование и лидерство досега се донирани 1,7 милиони долари, а во
овие програми вклучени беа над 670 менаџери, претприемачи и млади таленти.

„Имаме посебни програми за
намалување на разидувањето на образованието меѓу младите жени и мажи, а можеме
да е пофалиме дека Бордот на директори на Македонија 2025 порасна од 15 на 21
член, што е знак за раст на организацијата. Планирани се разни новини за оваа
година, кои ги започнавме со награди за придонес на приватниците од
дијаспората. Овие награди, под покровителство на Претседателот на Македонија,
Стево Пендаровски веќе се доделени“ истакна Мојсоска Блажевски.

Директорката на Македонија
2025 се осврна и на напредокот на нашата земја, и истакна дека согласно
анализите кои ги прават Македонија и понатаму заостанува зад земјите во
регионот и пошироко.

Ние сме на дното на мерењата, и сме далеку од посакуваниот раст на
економија, но тоа не е причина за откажување и продолжуваме со поддршката на
земјата. Се надеваме дека Македонија 2025 ќе придонесе со своите заложби во
развојот на земјата, всушност тоа е и целта и на Самитот и на сите активности
кои ги преземаме – истакна Мојсоска Блажевски. 

Фото: Вангел Тануровски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy