Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МО: Оштетена спомен плоча на загинатите бранители кај „Карпалак“, случајот пријавен во МВР
Магазин

МО: Оштетена спомен плоча на загинатите бранители кај „Карпалак“, случајот пријавен во МВР

09/08/2024

AA

Оштетена е спомен плочата на загинатите бранители кај месноста „Карпалак“, информираат вечерва од Министерството за одбрана, осудувајќи го ваквиот чекор.

– Настанот е регистриран од страна на надлежните служби на Министерството, уште во утринските часови. Веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи, за преземање соодветни мерки за идентификување на сторителите на овој немил чин. По соодветните дипломатски линии, случајот е пријавен и до меѓународната заедница, се наведува во објавата на министерот Владо Мисајловски на „Фејсбук“.

Министерството за одбрана соопшти дека презема активности за поставување нова спомен плоча, најбрзо што може.

– Во поглед на поставување спомен обележје на месноста „Карпалак“, информираме дека во изминатите седум години, преземени се иницијативи за поставување спомен обележје, што не се во согласност со законската регулатива од оваа област. Имено, не е земено предвид дека местото каде што е предвидено да се постави споменикот, е, заштитен појас каде може да се градат објекти во функција на автопатот и постојано се добивани негативни одговори од надлежните институции. Односно се преземени активности за да не се направи апсолутно ништо, пишува во објавата.

Се додава дека Министерството за одбрана, во координација со надлежните институции, ги разгледува сите законски можности за поставување достојно спомен обележје.

Вчера во „Карпалак“ на патот Скопје – Тетово, беше одбележан трагичниот настан од пред 23 години, кога за време на конфликтот од 2001 година, конвој од бранителите бил нападнат од страна на терористите од т.н. ОНА. Во нападот каде биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, животот го загубиле 10 бранители, сите од Прилеп, кои со камиони се упатувале кон касарната во Тетово. 

На 8 август 2001 година, на ова место биле убиени Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ергоган Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитовски, Горан Миноски и Пеце Секуловски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026
Македонија

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42367
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026

Облачно време со услови за слаб дожд во источните делови ја одбележува денешната прогноза, додека температурите ќе се движат до

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026

Годинава, празничната атмосфера пред Велигден не ја следи иста еуфорија на пазарите. Иако тезгите се полни, а понудата разновидна, купувачите

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026

Во пресрет на велигденските празници, лекарите апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при подготовката и консумирањето на храната, бидејќи токму

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy