Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“
Економија

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

21/05/2024

AA

Македонската ознака во моменталните околности станува моќно средство на економската дипломатија. Навистина ми е жал кога слушам врвни грчки производители на вино во нашата земја да ни кажуваат дека постојат вина што се појавуваат како македонски и некои клиенти од странство кога говорат за македонски вина да ја имаат на ум Северна Македонија, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Во говорот на Генералното собрание на Асоцијацијата на грчки извозници (СЕВЕ), Мицотакис се осврна и на трговската ознака „Macedonia the Great“ за грчките производи, промовирана во ноември 2019 година, токму од конкретната Асоцијација, се потсети дека тогаш присуствуваше на презентацијата изразувајќи целосна поддршка, која ја повтори и вечерва.

– Ни требаше време да ја регистрираме (трговската ознака), но на добар пат сме. Тоа е потег што добива и актуелно значење по последните провокативни регресии на нашите северни соседи. Нашата дипломатска реакција треба да биде придружена и со трговски контранапад, во прв план со автентичноста и квалитетот на производите и услуги на нашата Македонија и ова е и во ваши раце да го постигнеме заедно, им порача Мицотакис на присутните на Генералното собрание на СЕВЕ.

Освен за трговската ознака, грчкиот премиер се осврна и на Договорот од Преспа и на последните случувања во билатералните односи, уште еднаш порачувајќи дека ЕУ перспективата на Скопје, поминува низ Атина.

– Гледајќи го веќе подолго време подемот на национализмот во Скопје, останавме претпазливи во прифаќањето на меморандумите што го придружуваат Договорот. За жал, развојот на настаните ја оправдаа оваа наша претпазливост. Позицијата на новата претседателка и на нејзините поддржувачи таму, за жал, и на мандатарот за премиер е и незаконска и провокативна. Затоа Грција ја отфрла и не ја прифаќа. Соседната држава мора да сфати, и ова мислам дека ги сфаќаат повеќето граѓани на Северна Македонија, дека патот кон Европа и напредокот поминува и низ нашата земја. И таму може да застане, истакна грчкиот премиер.

Уште еднаш потсети дека Нова демократија гласаше против Договорот од Преспа, но објаснувајќи дека „не затоа што не сакавме решение на прашањето, туку затоа што конкретниот Договор отстапи националност и јазик, македонска националност и јазик на соседите, поткопувајќи ја на овој начин иднината“.

Истакна дека предупредија, уште пред да дојдат на власт во 2019 година, дека ако овој Договор се ратификува, подоцна не може да се смени.

– Како нова Влада го почитувавме овој грчки потпис на меѓународен договор, кој надвладува над секој закон, посочи Мицотакис. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy