
МОЈ ДДВ: Граѓаните кои скенирале сметки чекаат исплата
Исплатата на повратот на ДДВ доцни.
Од Управата за јавни приходи(УЈП) велат дека веќе се подготвуваат налозите за исплата, но точниот датум кога би ги имале граѓаните парите не знаат.
„Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за отпочнување на исплатата. За ова тримесечје ќе се исплатат околу 858.059.205 милиони денари на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за период април-јуни 2024 година“, велат од УЈП.
Исплатата доцни затоа што се чекаше Собранието да го изгласа ребалансот на буџетот.
Оваа мерка почна пред повеќе години со цел да се сузбие сивата економија и граѓаните да купуваат на места каде издаваат фискални сметки.
