
Моја немам, ја користам колата од родителите рече Касами и се извини што на лидерската дојде со БМВ X7
Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, се огласи по бурните реакции во јавноста откако на лидерската средба се појави со луксузен автомобил „БМВ 7“. Во гостувањето на ТВ21, тој упати извинување до граѓаните доколку сликата со скапиот автомобил предизвикала негативни чувства.
Касами појасни дека скапото возило не е во негова сопственост, туку е отстапено на користење.
Тој изненади со изјавата дека лично не поседува возило, па дури и за општинските потреби се потпира на партиски ресурси.
Касами додаде дека и претходно бил гледан во скапи автомобили на владини или лидерски состаноци и дека нема комплекс во врска со тоа.

