
МНР за скандалот со амбасадорот во Јапонија: Утврдени се незадоволителни резултати, и штета на интересите на државата!
Од Министерството за надворешни работи информираат во врска со отповиканиот амбасадор во Јапонија.
„Согласно законските надлежности и интерните процедури, Комисиjата во рамките на Министерството за надворешни работи му препорача на Министерот за надворешни работи, да ѝ предложи на Владата повлекување на досегашниот амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, врз основа на член 3 од Уредбата за утврдување на работи кои се сметаат како незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата во работата на амбасадорот („Сл. Весник на РМ бр. 90/09).
Владата го прифати предлогот на Министерот за отповикување на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, по што, Претседателот на државата го потпиша указот за отповикување, кој што беше објавен во Службен весник“, велат од таму.