
МНР вечерва во сино по повод Светскиот ден на бегалците (ФОТО)
По повод Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, Министерството за надворешни работи на вечерва е осветлено во сина боја, како симболичен гест на солидарност со бегалците во целиот свет.
„Бегалците заслужуваат поддршка и солидарност“, пишува на друштвената мрежа министерот за надворешни работи Бујар Османи.

