
МНР спрема закон за рестриктивни мерки: Лицата кои ќе се најдат на „црна листа“ ќе бидат под мерки и забрани во земјава
Оние кои ќе бидат ставени на „црната листа“ на САД автоматски ќе бидат процесуирани и од домашното законодавство.
Измените на законот за рестриктивни мерки кој наскоро треба да се најде пред пратениците.
Ваквиот закон доаѓа само неколку месеци по измената на Кривичниот закон со кој се амнестираат злоупотребите на функционерите.
„Јавното обвинителство законски се обврзува веднаш да почне кривична постапка, вклучувајќи и конфискација на имот и доколку заврши таа истрага со подигнување на обвинение тогаш се воведуваат два нови инструменти а тоа е времено престанување на вршење на јавната функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки се до правосилна судска одлука“, вели Бујар Османи.