
МНР со први детали за убиениот македонски државјанин во Боливија
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Бразил е во комуникација со Амбасадата на Боливија во Бразилија во врска со информациите од српските медиуми за убиството на три лица во Боливија, меѓу кои, според медиумските извештаи, има двајца српски и еден македонски државјанин.
Од МНР информираат дека се чека завршување на обдукцијата за официјална потврда на идентитетот на жртвите, која во моментов е во тек.
По добивањето на потврдените податоци од боливиските власти за идентитетот и околностите на настанот, МНР најави дека дополнително ќе ја извести јавноста.
