Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МНОГУ МЛАДИ СЕ ИСЕЛИЈА: Може ли Македонија да ги врати назад оние кои заминаа во странство?
Економија

МНОГУ МЛАДИ СЕ ИСЕЛИЈА: Може ли Македонија да ги врати назад оние кои заминаа во странство?

23/11/2023

AA

Проценките се дека повеќе од  77.000 млади луѓе од Македонија заминале во странство последните години.

За шест проценти се намалил бројот на
младите меѓу двата пописа од 2002 до 2021 година. Граѓаните велат дека многу работи треба да се сменат во државата за да се
вратат oние кои се иселиле. Засега тоа сценарио им изгледа како невозможна
мисија.

„Тоа многу тешко
ќе се оствари. Луѓето се навикнуваат на поубав живот, на повеќе пари. Јас не
познавам луѓе кои се отселиле, потоа да се вратат, освен оние кои веќе влегле
во пензија и доаѓаат тука за да уживаат со тие пензии“, рече Снежана Мирчевска,
граѓанка.

Според граѓаните,
потребни се повеќе работни места и поголеми плати.

„Тешко, освен ако
се променат многу работи во државата, да се донесат инвестиции, да се зголемат
платите, да се направат патишта, да се подобри стандардот“, вели Зорица
Марковска, граѓанка.

Не само младите,
туку и повозрасните не гледаат светла иднина овде.

„И јас да можам и
јас ќе отидам во странство, затоа што со овие пари не се издржува. Работа треба
да има, ама работниците да се подобро платени“, додава Струмка Николовска,
граѓанка.

Мeтодија Стојчески од Младински сојуз
Крушево објаснува дека пазарот на труд е променет во Македонија, платите се
зголемени затоа што нема работници, но тоа не е доволно. Вели дека ако пред 10
години се говореше за младинска невработеност, сега нема работници. Тој наведе
примери од други земји каде имало процес на враќање на младите. На оваа тема
размениле искуства со нивните колеги.

„Во Полска,
Литванија, Естонија, младите кои пред 15 години заминале во Британија, потоа се
вратиле со своето искуство, вештини, капитал, но откако во нивните земји
платите достигнале околу 70 отсто од оние во Британија. Нормално дека повеќе им
се исплати да живеат во својата земја, каде и трошоците се пониски. Кај нас гледаме дека младите најчесто се иселуваат во Германија. Кога
ние би го достигнале тоа ниво со платите, можеме да зборуваме за обратен
процес“, рече Стојчески.

Според пописот во 2002, процентот на
млади од вкупниот број на население е 24 проценти, додека во 2021 е 18 отсто. Во
2002 државата имала 480.848 млади, додека во 2021 имало
326.733. Многу
истражувања покажаа дека голем дел од младите не ја гледаат својата иднина овде
и ако добијат шанса, би се иселиле.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46658
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy