Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МНОГУ ДЕЦА НЕ МОЖАТ ДА ЗБОРУВААТ: Бекирова објаснува какви последици ќе имаат луѓето во Турција од преживеаните трауми
Регион

МНОГУ ДЕЦА НЕ МОЖАТ ДА ЗБОРУВААТ: Бекирова објаснува какви последици ќе имаат луѓето во Турција од преживеаните трауми

23/02/2023

AA

Медиумите јавија
дека многу деца во Турција по разорните земјотреси, не можат да зборуваат
поради доживеаната траума.

Наташа Бекирова, психолог и семеен советник од Психомедика
онлајн платформа вели дека овие
деца беа сведоци на страшни сцени, изгубија блиски, поради што уште долго ќе
имаат траума и ќе им треба помош. Сето тоа е премногу за децата кои не можат да
ја разберат новонастанатата ситуација.

„Според психолошката
хиерархија на потребите, најбазични и најургентни се физиолошките потреби, потребата за
храна, вода, за воздух. На второ место исто така многу знајчајна е потребата за
сигурност, безбедност, заштита. За жал, она што се случи на турското тло беше дека
всушност децата долги
часови беа под  рушевини, заглавени, во агонија, без блиски, без храна,
без вода.. Голем дел од нив ги изгубија родителите, братчиња, сестричиња..
Целиот свет којшто претходно бил стабилен и постојан, полн со предвидливост и
сигурност наеднаш го снемува, а детското мозоче нема капацитет рационално да ја
разбере целата новонастаната ситуација. Токму затоа, сè ова е еден силен
трауматски настан, преполн со страв и несигурност кој може да доведе до тешки
моментално видливи последици како пелтечење, губење на говорот, но понатаму и
детска депресија и анксиозност. Децата во рана возраст исклучиво ги обработуваат своите искуства
преку игра, може да се јави повторувачка игра, а со тоа може
повторно и одново да ги преживуваат трауматските настани на овој начин
заглавени во тој процес што ако не се реши како таков, може да го промени
развојот на мозокот и системот за одговор на стресот на телото“,
објаснува Бекирова.

Додава дека во овој
момент на децата
треба да им се обезбеди
колку што е можно постабилно и сигурно секојдневие, по можност со роднини и блиски луѓе.

„Многу е важно во блиска иднина на овие
дечиња им се понуди стручна помош каде ќе можат преку игра, цртање, моделирање,
игри на улоги да се работи на стравот, тагата и како да се справат со нив. Веројатно е дека дечињата кои беа сведоци на
земјотресите, уште извесно време ќе си ги носат во себе
трауматичните настани. Исклучително важно е да се превземат сите можни мерки за
психолошка помош и поддршка на децата, но и родителите“, рече Бекирова.

Месецов во Турција имаше
над 7.000 потреси. Погодена беше и соседната Сирија. Луѓето ги изгубија своите
домови, работните места, загинаа и цели семејства.  Дел од луѓето
кои спасувачите ги извадија од под урнатините после неколку дена по
земјотресот, починаа на пат кон болница или во болнички услови. Геолошкиот
институт на САД тврди дека земјотресите
во Турција и Сирија можат да траат со денови, месеци или години. 

Сања Атанасовска

foto EPA-EFE/ERDEM SAHIN

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy