
Многу борба, малку фудбал – реми помеѓу Јуве и Интер на општо задоволство (ВИДЕО)
Натпреварот заврши без победник (1-1), а се што беше вредно на него се случи во периодот од 27. до 33. минута. Прво, Влаховиќ со својот прв гол по повеќе од два месеца го донесе Јувентус во водство, а шест минути подоцна Лаутаро Мартинез со погодок го круниса контранападот на Интер.
Се понатаму беше само одработување на двете страни, а тоа особено важи за второто полувреме. Во него, двете екипи упатија по само еден шут и тоа непрецизен, а главно борбата за водеше на средината од теренот. Интересно е тоа што Јувентус имаше само еден директен удар кон голот на Интер и тоа оној од кој Влаховиќ го постигна водечкиот гол.
Ремито им одговара на двете екипи, на Интер затоа што останува на челната позиција на табелата со предност од два бода, а на Јувентус затоа што има нешто полесен распоред од својот ривал за титулата. „Нераѕурите“ идниот викенд ги очекува уште едно дерби, против Наполи на „Диего Марадона“.
