
ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција
Словенија наскоро ќе ја престигне Италија, a веќе е пред Грција, Португалија и Шпанија.
Последните проекции на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) покажуваат дека Словенија до 2029 година според очекуваните разлики во стапките на економски раст, БДП и куповната моќ на жителите ќе ја престигне Италија и ќе се приближи до Велика Британија и Франција. По овогодишниот реален раст на БДП од 2 отсто, ММФ во Словенија предвидува зајакнување на економската активност од 2,5 отсто во 2025 година, а потоа околу 2,7 отсто за 2025 година. Словенија постепено ќе го намалува развојното заостанување зад најразвиените земји во Европа. Во однос на државите од екс Југославија, Словенија има највисоки плати и економски најбрзо напредува.
foto freepik.com/nikol85