ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?
Руската економија сепак добро напредува.
Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) предвидува дека руската економија годинава ќе порасне побрзо од сите други развиени светски економии, вклучително и таа на САД, пренесе Би-би-си.
ММФ очекува руската економија годинава да порасне за 3,2 отсто. Тоа е повеќе од Велика Британија, Франција и Германија.
„Инвестициите на корпорациите и државните претпријатија, како и „отпорноста на приватната потрошувачка“ во Русија, придонесоа за растот заедно со силниот извоз на нафта“, рече Петја Коева Брукс, заменик-директорка на ММФ.
Русија е еден од најголемите светски извозници на нафта, а Би-би-си во февруари откри дека милиони барели гориво произведено од руска нафта сè уште се увезуваат во Велика Британија и покрај санкциите.