
„МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ИЛИ ИСТА ЦЕНА СО ТИЕ ВО ГРЦИЈА ИЛИ ПОСКАПИ“: Аналитичарот Божиновски за високите цени во Македонија
Професорот и аналитичар Владимир Божиновски, во синоќешното гостување во „Само вистина“, со свој став за високите цени во земјава.
„Соодносот на цените и на платите којшто беше кај нас во споредба со останатите држави, пред само неколку години веќе е нарушен на наша штета, се разбира. Значи, еве пример, доколку во Грција отсекогаш млечните производи биле барем двојно повисоки отколку во Македонија, сега се случува ситуација кадешто одредени производи се или на исто ниво или дури поевтини во Грција отколку што тоа е кај нас. И ова е само еден пример, а има уште многу примери, вели тој.
Фото:Принтскрин
