Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Младите во Македонија се срамат да работат: Не се наоѓа овчар ниту за плата од 1.000 евра
Македонија

Младите во Македонија се срамат да работат: Не се наоѓа овчар ниту за плата од 1.000 евра

28/02/2024

AA

Овчарството е најзначајната земјоделска гранка во Македонија поради големиот број на суровини кои ги обезбедува за различни индустрии, но во последната деценија мака мачи со бројот на работници, посебно со овчари.

Тоа е специфична професија која бара одговорност и посветеност која значи грижа за стадо, пасење, заштита од болести, молзење и храна 14 часа на ден, 365 дена во годината.

Овчарите постојано живеат одвоен живот од своите семејства и работат под екстремно тешки временски услови, од жешко лето до поларни зими, но мора да се чуваат и од напади на диви животни.

На огласите за работа, сопствениците на овци постојано бараат овчари и притоа нудат високи плати кои се движат од 40.000 до 60.000 во зависност од искуството. Во оваа сума не влегува исхраната и сместувањето кои се платени од сопствениците на бачила така што овчарот нема дополнителни трошоци за превоз или исхрана кои би ги издвојувал од нето платата.

– Јас сум овчар од дете и ова е работа која е семејно наследство од татко ми и дедо ми. Но, не е можно да работам сам и затоа барам овчари. Никој не се јавува иако нудам добра плата. Никому не му се спие во колиба и никој не сака да биде одвоен од семејството. Некаде овчарите се плаќаат според бројот на овци кои ги чуваат. Заедничко за сите овчари е што ова за сите е начин на живот, а не обична професија.

Многу тешко се наоѓа добар овчар кој ќе го чува стадото и кој има искуство. Младите не сакаат да се занимаваат, не поради платата, туку поради срамот од професијата овчар и фактот што сметаат дека оваа работа е за неписмени. Но, овчарот треба да биде писмен, да има знаење за животни и вештини во природата. Никој не сака да биде овчар, секој сака да работи во градот и да се забавува – вели овчарот Бранко од тиквешко село Дабниште.

Бројот на овчари постојано се намалува и покрај тоа што платите се добри и изнесуваат и над 1.000 евра. Здруженијата на земјоделци апелираат до Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство да ги повикаат оние лица кои примаат социјална помош да дојдат на обука и потоа да добијат вработување во оваа гранка.

Македонските сточари бараат помош од Албанија затоа што во Бугарија и Србија состојбата со овчари е идентична, а некои од нив размислуваат да ги симнат овците од планините и да почнат со чување во штала.

Истиот проблем го има и нашиот северен сосед Србија, иако, за разлика од Македонија, во последно време бележи раст на млади претприемачи кои се одлучиле да се занимаваат со сточарство.

Младите сочинуваат повеќе од половина од оние кои сакаат да одгледуваат овци и кози, покажуваат податоците на Здружението на одгледувачи на овци на Србија. Најголем проблем е, всушност, да се најде овчар, бидејќи речиси никој не сака да се занимава со оваа работа за која се плаќа во просек по 500 евра.

„Просечната плата за овчар е околу 400 или 500 евра, со платен стан и храна. Но, ретко кој сака да ја прифати оваа работа, ја смета за недостоинствена. Тоа мора да се промени“, вели Бане Стојановиќ од Здружението на одгледуваи на овци на Србија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy