Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЈА МЕНУВААТ ПЕРЦЕПЦИЈАТА ЗА ТУТУНОТ Се надградуваат превентивните образовни мерки
Македонија

МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЈА МЕНУВААТ ПЕРЦЕПЦИЈАТА ЗА ТУТУНОТ Се надградуваат превентивните образовни мерки

18/12/2025

AA

Во образовниот систем во Македонија одамна е поставен механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој мора да се менува и надополнува, затоа што се менуваат и трендовите во однесувањето на младите – се намалува употребата на тутунот, но се зголемува употребата на електронските цигари и на тоа мора да се делува.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес-конференција во Институтот за јавно здравје каде беше презентиран последниот извештај на Европскиот проект за истражување во училиштата за употреба на психоактивни супстанци, од 2024 година.

Во документот има препораки што ќе помогнат при креирање на идните политики за зголемување на свеста кај младите за штетноста на психоактивните супстанци.

– Јас ќе споделам дека теми кои се поврзани со грижата за сопственото здравје се застапени во сите одделенија во редовните предмети, особено во природните науки. Но, за да ја подигнеме здравствената писменост, од оваа учебна година со поддршка на Светската здравствена организација воведовме и нов изборен предмет „Учам за моето здравје“ во VII одделение – рече Јаневска.

Министерката информираше и дека на почетокот на годинава направени се законски измени со кои основните и средните училишта имаат обврска покрај програми за заштита од насилство, спречување на дискриминација, поголема толерантност и слично, задолжително да спроведуваат и програми за превенција од злоупотреба на алкохол, тутун и други психоактивни супстанци.

– Заедно со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, во октомври и ноември годинава спроведовме обуки за наставници и стручни соработници во 50 основни училишта во Скопје, Струмица, Штип, Прилеп, Кочани и Гостивар, кои ќе ја реализираат превентивната програма „Вештини за адолесценција“. Станува збор за структурирана програма која е базирана на докази и ја спроведуваат над 100 земји во светот, а има за цел да ги подготвува младите да не подлегнуваат на врснички притисок, односно да прават здрави избори и да не користат штетни психоактивни супстанци – информираше министерката.

Наша задача е, рече Јаневска, како нови институционални раководства да продолжиме да работиме во интерес на новите генерации и заштитата на нивното здравје.

– Тоа и го правиме и затоа јавно алармираме за одредени состојби, ги обединуваме напорите и бараме вклучување на сите релевантни чинители кои можат да помогнат во креирање и спроведување на најдобрите превентивни политики – потенцираше министерката.

Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги (ЕСПАД) е најстарата истражувачка иницијатива во Европа посветена на следење на трендовите на употреба на супстанции кај адолесцентите, основана во 1995 година од денешната Агенција за дроги на Европската унија (ЕУДА). Последното истражување во Македонија беше спроведено во 2024 година во 96 средни училишта и 182 паралелки. Опфатени беа 2.831 ученик, од кои 1.397 или 49,3% момчиња и 1434, односно 50,7% девојчиња.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy