Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЛАДИТЕ МАКЕДОНЦИ „КИНИСАА“ НА РАБОТА НА ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ – само во април бројот на невработени намален за над две илјади лица
Економија

МЛАДИТЕ МАКЕДОНЦИ „КИНИСАА“ НА РАБОТА НА ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ – само во април бројот на невработени намален за над две илјади лица

12/06/2024

AA

Ако во неколкуте месеци до март
годинава имавме благо зголемување на бројот на невработени лица, март, а
особено април, донесоа посериозни промени во надолна линија.

Односно,
Агенцијата за вработување повторно регистрира намалување на бројот на
невработени лица, и тоа, за прилично значајна бројка.

Па така, ако на
крајот на февруари Агенцијата за вработување регистрирала 106.618 невработени,
на крајот на март имаме намалување до 105.844 лица кои активно бараат работа,
што значи за еден месец, март, бројот на невработени се намалил за 774 лица.

А, веќе во април
има уште позначајно намалување на лицата кои активно бараат работа, и тоа за
2.068 невработени, па така, на крајот на април, нивниот број се свел на 103.767
лица.

Во април се намалил
и бројот и на другите лица кои бараат работа, како што ги класифицира
Агенцијата за вработување. Тие на крајот на април биле 46.755, или кај нив
намалувањето е за 697.

Веќе станува
јасно дека бројот на невработени се намалува поради големиот бран на иселување
кој ја зафаќа земјава, но и поради заминувањето на нашите луѓе, а особено
млади, на работа во странски земји.

А, ако во април
веќе имаме над две илјади нововработени или иселени, се поставува прашањето
колку ќе заминат на работа во мај, јуни, јули и август, со оглед на големиот
недостиг на работна сила во Хрватска.

Имено, во
Хрватска се бара работник повеќе во туризмот, а многу наши млади луѓе веќе
имаат добиено сериозни понуди да работат во претстојните месеци на хрватското
крајбрежје, каде се нудат пристојни плати, но и одлични услови за работа.

Неиодамна и
Државниот завод за статистика објави дека невработеноста во Македонија во првиот квартал
спаднала на 12,9 отсто.

„Според објавените податоци, во овој период евидентирани се 788.909
лица како активно население од кои 687.351 се вработени, а 101.558 невработени“,  соопшти ДЗС.

За споредба, за минатата
година, стапката на невработеноста била благо над 13 проценти. 

Активното население во Македонија изнесува 791.647 лица, од кои вработени се 688.296, а
103.351 лице е невработено, изјавија од ДЗС.

Стапката на активност во овој период е 52,3 отсто, стапката на
вработеност 45,4, додека стапката на невработеност изнесува 13,1 процент – соопштија од ДЗС. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy