
Младинците на Хајдук го расплакаа Милан за пласман во финале на ЛШ
Иако „росонерите“ имаа поголем број на шанси, сепак ниту една од нив не искористија во првото полувреме, а потоа во вториот дел од мечот пристигна казната.
Јере Врчиќ најпрво во 51. минута погоди за водство од 1-0, а предноста на Хајдук ја зголеми Рокас Пукштас во 69. минута од дуелот.
Хајдук постигна и трет гол преку Шимун Хрговиќ во 76. минута, по што стана јасно дека хрватската екипа ќе игра во финале на ЛШ, па така до крајот на мечот Милан успеа само да намали на 1-3.
Младинците на Хајдук ќе се борат за трофејот во ЛШ против холандски АЗ Алкмар, кој претходно славеше со 4-3 на пенали против Спортинг Лисабон.
