
Млада жена почина за време на операција за намалување на стомакот во Турција
Една жена почина за време на операција на гастричен бајпас во Турција. Постапката има за цел да ја намали големината на желудникот, објави Би-Би-Си. Шенон Боу (28) почина во саботата.
Нејзината пријателка на Фејсбук напиша: „Спиј во мир ангелу мој. Те сакам секогаш и засекогаш“.
„Го поддржуваме семејството на британскиот државјанин кој почина во Турција и сме во контакт со локалните власти“, изјави портпаролот на Комонвелтот во земјата.
Гастричен бајпас го ограничува волуменот на желудникот и количината на внесена храна и е рестриктивна процедура во борбата против вишокот килограми.
Ова е и е една од најпопуларните процедури за слабеење.

