МЛАДА ЖЕНА ГИ ИЗГУБИ НОЗЕТЕ: Уште се опоравува по несреќата во Нови Сад
Српските граѓани кои се тешко повредени по несреќата која се случи на 1 ноември во Нови Сад уште се опоравуваат.
При уривањето на натстрешницата на Железничката станица, загинаа 14 луѓе, а има и повредени лица.
Теодора М.(23) од Кисач, млада мајка на едногодишно бебе и студентка по медицина беше тешко повредена.
Таа се здоби со сериозни повреди кога конструкцијата паднала на самиот влез на станицата во Нови Сад и се наоѓа во Клиничкиот центар во Војводина.
„Сите се молиме за неа и се надеваме дека ќе ја преживее оваа трагедија и дека ќе се врати жива кај своето бебе и сопругот со кој се омажи минатата година“, вели еден од познаниците на Теодора, кој напоменува дека е многу добар студент по медицина, иден доктор.
Таа ги изгуби нозете, а има и други повреди. Граѓаните на Србија протестираа и бараа да се казнат одговорните за случајот.
фото Фејсбук