Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мизо: Странските инвеститори очекуваат намален број на нарачки
Економија

Мизо: Странските инвеститори очекуваат намален број на нарачки

12/02/2025

AA

Витктор Мизо, претседателот на Советот за странски инвеститори речедека осумнеделната анкета спроведена помеѓу поголемите странски компании во земјата покажале дека поголем дел од нив очекуваат да не се зголеми бројот на вработувања. Ова е согласно економските текови кои во моментот доаѓаат како влијание од Европа.

– Најголем број на компаниите се од производствен извозно зависен сектор кон Европа. Намалување на број на вработени не е отпуштање, туку нема да се пополни работното место ако некој замине или нема да има продолжување на договорот. Барем за автомобилската индустрија можам да кажам дека тоа ќе зависи од кој е клиентот за кој овде се работи и за кој модел на возило. Секако, има и позитивни примери со зголемен број на нарачки. Но во просек се очекува намалувањата на нарачките да се движат од десет до 25 проценти, рече Мизо.

Компаниите кои учествувале во анкетатат вработуваат над 40.000 работници, а лани инвестирале над 270 милиони евра. 93 отсто од нив се со извозно ориентирани активности. Од државата како поддршка бараат јавен превоз за работниците,противпожарни бригади, системи за логистика, детски градинки, банки во близина и слично. Приоритети се изградбата на пристапните патишта, новиприклучоци до струја и гас, општата инфраструктура за автопати и паптишта , приклучоци до вода и канализација и друго. 38 проценти од нив имале зголемен, а 62 отсто од странските инвеститори имале намален обем на работа што се должи најмногу на помалиот обем на нарачки и неможноста да најдат соодветна работна сила.

– Би било добро да се креираат нов сет на мерки, слично како оние за време на короната. Тоа би биле мерки во насока на задржување на постоечката работна сила и директна комуникација со овие компании да се изнајде начин кога потенцијални консолидации би се случиле во Европа да бидат во позитивна насока за Македонија, а можеби не толку позитивна за други локации, така да некаква консолидација да се случува кај нас, а не на други места врз основа на поддршката на компаниите која би ја добиле, додаде Мизо.

Во текот на минатата година, според одговорите од анкетата, најголем проблем било пронаоѓањето на работната квалификувана сила, потоа оперативно зголемените трошоци, бирократијата , легалната несигурност и честата промена на регулативата, а корупцијата и судството се на петтото место.

Половина од овие компании веќе добиваат или аплицирале за државна помош.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46650
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли до 20 степени

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy