
Митровски погоди против Истра, но Вараждин освои само бод
Митровски ја затресе мрежата на ривалот во 16. минута, додека водството на Вараждин го зголеми Дабро во 30. минута.
Истра, сепак, се врати во игра откако Валинчиќ и Вук стрелаа за 2-2, додека Вараждин играше лошо во нападот во вторите 45 минути.
Вараждин е на седмата позиција со 27 бодови, додека Истра е на деветто место со еден бод помалку.
Ова за македонскиот фудбалер воедно беше четврти гол во хрватскиот шампионат, а има и една асистенција.
