Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митровски и втор меч по ред даде гол, но Вараждин го прокоцка водството! (ВИДЕО)
Спорт

Митровски и втор меч по ред даде гол, но Вараждин го прокоцка водството! (ВИДЕО)

04/08/2023

AA

Македонскиот фудбалер Димитар Митровски, покажа дека е во добра форма на стартот од новата сезона, па втор натпревар по ред се запиша како стрелец во дресот на Вараждин. Сепак, неговиот тим, иако водеше во најголемиот дел од натпреварот на гости кај Локомотива, на крај остана само со реми, 3-3.

Митровски (24) беше тој што го отвори резултатот, во 19. минута, откако противничкиот голман направи едно лошо исфрлање на топката. Митровски ја пречека на околу 18 метри и со волеј ја смести во празната мрежа. 

Водството беше удвоено по само три минути, а Вараждин не запре ни на стартот на вториот дел, кога домаќините намалија на 2-1. Бродиќ со својот втор погодок зголеми на 3-1 и изгледаше оти победата е на дофат. Сепак, Стојковиќ со головите во 71. и во 79. минута изедначи на 3-3 и им донесе бод на домаќините. 

Митровски беше изваден од игра по примениот гол за 2-3, а пред изедначувањето. Ова беше негов трет меч и втор гол во новата сезона за Вараждин, кој го запиша и третото реми во три кола од хрватската фудбалска лига. Пред да биде одиграно комплетното трето коло, се наоѓа на шестата позиција со три бода, еден повеќе од вечерашниот ривал.

🇲🇰⚽️ Dimitar Mitrovski on the scoresheet for Varazdin, the second game running.

A goal that sums up Mitrovski, pure technique.

Mitrovski needs to be in the National Team come September. The answer to our right winger issues.

pic.twitter.com/9bq63XlUfP

— Football Macedonia (@MacedonianFoot_) August 4, 2023

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy