
Митровски го скрши мразот, прв гол во дресот на Вараждин (ВИДЕО)
Фудбалерот од средниот ред го почна натпреварот, заедно со Агон Елези, но нивниот тим имаше проблеми да го скрши отпорот на Шибеник. Тоа му успеа токму на Митровски, во 69. минута, откако прибра еден отпадок од статива, на полу-празен гол. Митровски постигна гол и осум минути порано, но беше поништен поради офсајд.
Бепе заменет во 84. минута, а две подоцна, Бродиќ го постави конечниот резултат. Митровски има 24 години, а дојде во Вараждин од Академија Пандев, во јануарскиот преоден рок. Во својот развој, додека беше младински репрезентативец на Македонија, играше во младинскиот тим на Спортинг Лисабон.
Досега одигра девет меча за хрватскиот тим, а ова му е само втор како стартер. Вардаждин е петто место во хрватската лига, со три бода помалку од четвртото кое носи во Европа, а моментно го држи Осјек.
