Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митровден е! Светиот великомаченик Димитриј
Македонија

Митровден е! Светиот великомаченик Димитриј

08/11/2023

AA

Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун, од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители, Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре, го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун.

Но, Димитриј не само што не го послуша царот туку напротив, јавно Го исповедаше и Го проповедаше Христа во градот Солун. Кога слушна за тоа царот Максимијан многу се огорчи на него, па еднаш, враќајќи се од војна, царот сврати во Солун со намера да ја испита оваа работа. Го повика, значи, војводата Димитриј и го испитуваше за верата. Димитриј јавно пред царот призна дека е христијанин и го изобличи идолопоклонството на Максимијан. Разјарен, царот го фрли Димитриј во затвор. Знаејќи што го чека, Димитриј му го врачи сиот свој имот на својот верен ученик Луп за да го раздаде на сиромасите и отиде во затворот весел, зашто му претстоеше страдање за Господа. Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалнику Христов. Биди храбар!“ По неколку дена, царот испрати војници во затворот за да го убијат Димитриј.

Војниците го најдоа Божјиот светител на молитва и го избодоа со копја. Неговото тело тајно го зедоа христијаните и чесно го погребаа. Од телото на Христовиот страдалник потече исцелително миро, од коешто мнозина болни се излечија. Наскоро, над моштите беше подигната малечка црква. Еден илирски војник, Леонтиј, беше болен од неизлечлива болест. Им притекна на моштите на свети Димитриј со молитва и стана наполно здрав.

Од благодарност му подигна на свети Димитриј црква многу поголема од старата. Светителот му се јави двапати. Кога царот Јулијан сакаше да ги пренесе моштите од Солун во Цариград, од гробот скокнаа пламени искри и се чу глас: „Застанете и не гибајте!“ И така моштите на свети Димитриј останаа засекогаш во Солун. Како заштитник на Солун, свети Димитриј се јавуваше многупати и многупати го спаси Солун од големи неволји. Неговите чуда се навистина безбројни. Русите го сметаат и за покровител на Сибир, којшто го освоија и го присоединија кон Русија во 1581 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОЈО ГОКК ќе се жали на пресудите од „ПРЕМИН“

19/02/2026
Македонија

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална

19/02/2026
Македонија

Нови амбасадори на повидок – Давкова вели дека повеќе од

19/02/2026
Македонија

„ЌЕ ДЕЛИШ ПАКЕТИ ВО ЦРКВА“ Им дал лична карта, му

19/02/2026
Македонија

„Марш на ангелите“ во сабота: Чекориме за да потсетиме дека

19/02/2026
Македонија

Кавадарчанец си пазарел онлајн со туѓа картичка: Оштетил 60-годишен маж

19/02/2026
Македонија

РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖЕН ДО МАРТ 2031 ГОДИНА

19/02/2026
Македонија

Полицаец без возачка „дивеел“ низ Скопје: Доби кривична пријава, одземање

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41665
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОЈО ГОКК ќе се жали на пресудите од „ПРЕМИН“

19/02/2026

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „ПРЕМИН“, застапуван од Специјализираното одделение

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и

19/02/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, што традиционално го организира Институтот за македонски

Нови амбасадори на повидок – Давкова вели дека повеќе од 60% од предлозите се професионалци

19/02/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски најавија нов бран на пополнување на амбасадорските места, со силен

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy