Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митревски херој во Битола: Пелистер го совлада Динамо Букурешт
Спорт

Митревски херој во Битола: Пелистер го совлада Динамо Букурешт

20/02/2025

AA

Ракометарите на Пелистер триумфираа против Динамо Букурешт со 25-24 во 12. коло од Лигата на шампиони (ЛШ) и го одржаа чекорот со Висла Плоцк во трката за место во нокаут-фазата.

Пелистер водеше во речиси цело прво полувреме, па во еден момент поведе со три голови разлика (7-4), откако Динамо Букурешт направи многу грешки во нападот и беше неколку минути без погодок.

Битолчани се соочија со идентична криза во завршницата на првото полувреме, кога Динамо успеа да го сврти резултатот во своја корист и да поведат со 13-12.

Во второто полувреме се водеше голема борба на паркетот, а битолчани повторно го преземаа водството и го чуваа до самиот крај, додека голманот Никола Митревски беше извонреден на голот на Пелистер.

Митревски беше херој на македонскиот шампион, откако во последните секунди одбрани удар на Динамо Букурешт за израмнување.

Македонскиот голман го заврши натпреварот со 13 одбрани, додека најефикасен беше Домен Тајник со шест голови. На спротивната страна најдобар беше Станислав Каспарек со пет погодоци.

Пелистер и Висла Плоцк имаат по осум бодови и се наоѓаат на делба на шестата позиција во групата А, која води во осминафинале на ЛШ.

Во вториот натпревар, кој се играше од 20.45 часот, Барселона го надигра Кјелце со 30-28.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Црвен крст на терен, во Кичево штета има во 362

16/02/2026
Македонија

ЕДЕН ЈА ТУРНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, А ДРУГ ЈА НАПАДНАЛ И

16/02/2026
Македонија

ЦЕНТАР НЕ ТОЛЕРИРА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ: Изречени 86 казни за една

16/02/2026
Македонија

Се зголемува цената на бензинот, еве колку ќе чини!

16/02/2026
Македонија

„Не верувајте на шпекулации“ – Министерство за транспорт: Македонија води

16/02/2026
Македонија

Загина пешак на магистралниот пат Подмоље- Струга – го удрило

16/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ, ЌЕ ДУВА СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР СО БРЗИНА НАД 60

16/02/2026
Македонија

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41518
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Црвен крст на терен, во Кичево штета има во 362 домаќинства – евакуирани 250 лица,

16/02/2026

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија продолжуваат да бидата на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од

ЕДЕН ЈА ТУРНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, А ДРУГ ЈА НАПАДНАЛ И ЈА ОГРАБИЛ Прилепчанка доживеала шок

16/02/2026

59-годишната С.Д. од Прилеп додека управувала со својот велосипед, едно лице ја турнало, а друго ја нападнало физички. Во нападот

ЦЕНТАР НЕ ТОЛЕРИРА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ: Изречени 86 казни за една недела

16/02/2026

Општина Центар продолжува со засилените контроли за воспоставување на комунален ред. Во текот на изминатата недела, комуналните инспектори и редари

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy