Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митева: УПОЗ наместо на протест, требаше да започне со дијалог!
Македонија

Митева: УПОЗ наместо на протест, требаше да започне со дијалог!

14/01/2025

AA

На денешната прес-конференција портпаролката на Влада, Марија Митева вели дека „не изненадува фактот што токму УПОЗ како прв чекор го презема штрајкот, наместо дијалогот кој е прв демократски начин и метод за функционирање“.

„Дозволете ми најнапред да истакнам дека Владата е партнер на сите, дека сме спремни да ги прифатиме сите предлози и сугестии.

Ова е во насока на висока подготвеност која ја имаме да разговараме на сите теми.

Но, дозволете ми да истакнам дека не изненадува фактот што токму УПОЗ како прв чекор го презема штрајкот, наместо дијалогот кој е прв демократски начин и метод за функционирање.

Сакам да ја потсетиме јавноста дека за само шест месеци успеавме да постигнеме договор за покачување на платите на вработените во здравството, во образованието, се покачија и пензиите.

Исто така посочуваме дека Владата обезбеди и додаток на плата и К-15 на сите вработени. И повторувам, подготвени сме да разговараме на секоја тема, но воедно дозволете ми да истакнам дека секој штрајк треба да биде организиран во согласност со Законот за работни односи и колективните договори, да биде најавен согласно Законот, да биде спроведена и постапката за помирување која воедно е задолжителна и да се определат нужни работи кои мора да се вршат.

Бидејќи за жал ниеден од овие постоечки законски услови не е исполнет, говори за незаконитост на штрајкот и отвара силен сомнеж дека овој штрајк е политички мотивиран.

Владата е отворена повторувам, за секаков вид на предлози и сугестии. Има бројни механизми преку кои можат да се отворат овие прашања, а воедно тоа е и Економскиот социјалниот совет кој го формираше Владата каде практично синдикатот партиципира и требале и можеле да го отворат ова прашање.

Интересно е што изминативе години овој синдикат како да молчеше за ова прашање и со жалење мораме да истакнеме дека отворено се сомневаме дека зад ваквиот чекор стои политичка позадина на Синдикатот кој делува како продолжена рака на партиите, кои досега за жал ги злоупотребуваа правата на работниците. Прашуваме, дали ова е начинот на кој што се злоупотребува синдикалното движење во државата?

Морам да истакнам дека како Влада гледаме реално на работите и не сме задоволни од нивото на платата во администрацијата. Но, повторувам, потенцираме дека дијалогот е вистинскиот начин за изнаоѓање на решенија“, изјави Митева.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy