Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митева: СДС и ДУИ со ново задолжување од 190 милиони евра кое го протнуваат со ЕУ знаменце
Македонија

Митева: СДС и ДУИ со ново задолжување од 190 милиони евра кое го протнуваат со ЕУ знаменце

21/11/2023

AA

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека во Македонија со СДС и ДУИ граѓаните ги немаат основните работи за живот, кои се со Устав и закони загарантирани.

„Учениците немаат книги, болните немаат лекови, студентите живеат мизерно, фирмите се уништуваат со даноци кои повеќе наликуваат на државен рекет, отколку на солидарен данок, но сето тоа не ја спречува власта да посегне и да ги задолжи и идните генерации.

Со невидено безобразие двете задолжувања од 190 милиони евра забрзано се туркаат низ собраниска процедура со европско знаменце. Власта и покрај отворената критика од ЕК во најновиот Извештај токму за примената на европското знаменце, продолжува со злоупотреба на истото.

СДС и ДУИ под закрила на европското знаменце избегнуваат дебата затоа што немаат аргументи со кои ќе го бранат новото задолжување. Нема аргументи затоа што се задолжуваат за тековни расходи, наместо за проекти и инвестиции.

Државата ни е енормно задолжена заради расипништвото на СДС и ДУИ.
И ова не е крај, власта ќе го зголеми долгот за 500 милиони евра до крајот на оваа година, со што вкупниот долг ќе достигне до 8.5 милијарди евра.

И се ќе беше поинаку, ако власта имаше некакви резултати. Но и покрај 8.5 милијарди евра долг, и милијарди потрошени од буџети, нема ниту еден проект или мерка која асоцира на оваа власт, напротив граѓаните ги асоцираат скандали, коруптивни зделки и бизнис интереси. Ги нема автопатите, нема градинки, нема нови училишта, нема ниту учебници, ниту лекови. Нејасно е каде завршија милијарди евра народни пари. Задолжување додека се може е модус операнди на оваа власт.

Граѓаните на Македонија се се поблиску до денот кога на избори ќе стават крај на ваквото владеење, по што ќе следат промени и подобра иднина!“, вели Митева.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy