Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митева: Извештајот на ЕК е одраз на реалноста, со власт полна со криминал и корупција Македонија е се подалеку од ЕУ
Македонија

Митева: Извештајот на ЕК е одраз на реалноста, со власт полна со криминал и корупција Македонија е се подалеку од ЕУ

08/11/2023

AA

Реакција на објавениот извештај пристигна и од ВМРО-ДПМНЕ. Ја пренесуваме во целост:

Извештајот на ЕК за 2023 година е доказ дека лажни се изјавите на власта на СДС и ДУИ дека се фокусирани на европската агенда. Ова е извештај кој е одраз на тажната реалност, одраз на состојбата на стагнација и во одреден дел назадување во која се наоѓа Македонија. Денес нема да ја слушнете власта како зборува за извештајот, нема да го слушнете ниту Ковачевски, Груби, Маричиќ, Османи и останатите да се нарекуваат европски фронт затоа што извештајот ја обелоденува нивната непосветеност кон системско имплементирање на препораките.

Да одиме со ред:

Во кластер 1, делот на основите, фундаментите на ЕУ се забележани низа забелешки и тоа:

Не е постигнат напредок во текот на извештајниот период, тоа е од минатата година до денес, за да се адресираат и имплементираат исклучителните препораки од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и Венецијанската комисија. А, замислете, го имате Османи кој не престана да се моделира како прв и единствен претседавач на ОБСЕ и воедно потроши или ќе потроши 1 милион евра за два дена за рент а кар возила, а притоа е дел од власта која не ги имплементира препораките од ОБСЕ. Класична хипокризија!

Понатаму, во делот на Собранието – се нотира недостаток на соодветно планирање, прекумерна употреба на брзи процедури, вклучително и несоодветна употреба на „европското знаменце“. Изрично е наведено дека „Знамето на ЕУ“ треба да се користи кога е директно поврзано со усвојување на закони чија главна цел е усогласување со правото на ЕУ, а не за кратка јавна дебата за важни прашања. Во однос на истото, забележано е дека властите треба да се воздржат од усвојување на ад хок мерки кои не се во согласност со правото на ЕУ и европските стандарди. И тука, власта на свое конто ги има безбројните примери, а како последни за потсетување на јавноста се законот за кривична постапка и законот за игри на среќа.

Дополнително, наведено е дека само ограничен напредок е постигнат за реформа на јавната администрација каде се вели, цитирам: И покрај тоа што Македонија го започна процесот пред 5 години, земјата сè уште не ја усвои ревидираната законска рамка за управување со човечки ресурси, која ги вклучува ревидираниот закон за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор и нови законски одредби за највисоко ниво на раководството. Пет години власт на СДС и ДУИ и се уште недонесени суштински и реформски закони.

Почитувани,

Фрапантни се и анализите за судството.

Генерално се вели дека нема напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права. Внимавајте: Во извештајниот период од минатата година до денес нема напредок во областа на судството. Судскиот совет треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и треба да се спротивстави на секое надворешно влијание. Контроверзното разрешување на претседател на Судски совет предизвика загриженост за несоодветно политичко влијание. Усвојувањето пак на новата стратегија за реформи во правосудството доцни. Ова е судството почитувани на СДС и ДУИ кое ќе го отвореа како пупка, ова е судството за кое ветуваа генерален реизбор, а остана најголема рана на општеството и нивна алатка за политиканство, наместо за правда.

Во делот за борба против корупцијата – не е постигнат никаков напредок! Извештајот јасно наведува дека корупцијата останува распространета во многу области и е загрижувачко прашање. Нотирано е и зголемување на одложувањата на судењата на случаите на корупција на високо ниво, што резултирало со истекување на рокот на застареност на некои случаи. Јасно потенциран е и Кривичниот законик кој беше изменет по забрзана собраниска постапка и истото резултира со попречување на  способноста на властите да ги истражуваат и гонат таквите прекршоци во иднина. Дозволете повторно да цитирам: Ова е прашање за сериозна загриженост.

Во делот на Слободата на изразување – забележан е лимитиран напредок. И нормално, сведоци сме на загрижувачки однос кон медиумите и новинарите, еден Битиќи напушта прес конференции, а друг Ковачевски некултурно се потсмева на прашања на новинари.

Најважното од делот за економските критериуми се јавните набавки каде се забележува дека властите треба да воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот на целиот циклус на набавки. Најскандалозниот договор кој економски ќе остави трајни последици врз Македонија е нотиран јасно и прецизно и дозволете повторно да цитирам: Директното доделување на договорот за изградба на Коридорот VIII и X-d предизвикува загриженост бидејќи го ослободува проектот од примена на законот за јавни набавки. Ова е чист доказ за злоупотребата на јавните набавки, за криминалот склучен во 4 очи на сметка на граѓаните.

Почитувани,

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Констатирани оставките на Бислимоски и Ристовска

18/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНКА „МРТВА ПИЈАНА“ ЗАД ВОЛАНОТ: Возела „Опел“ со 1,77 промили

18/02/2026
Македонија

ДИПЛОМАТСКИ „РЕФРЕШ“: Владата предложи 9 нови амбасадори – ексминистерот Муртезани

18/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ГИ ПОТВРДИ ОСТАВКИТЕ НА МАРКО БИСЛИМОВСКИ И НА ЦВЕТА

18/02/2026
Македонија

Вечерните пукотници ги вознемирија велешани – Армијата тренирала со маневарска

18/02/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ КУЧЕВИШКА БАРА: Едно лице загина, а друго се

18/02/2026
Македонија

ЕДЕН ЗАГИНАТ И ЕДЕН ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА Се судриле

18/02/2026
Македонија

Лажни лекари бараат по 20.000 евра за операции – три

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41602
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Констатирани оставките на Бислимоски и Ристовска

18/02/2026

На денешната 85. седница, Собранието ги констатираше оставките на претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, и на членката на ДКСК, Цвета

ПРИЛЕПЧАНКА „МРТВА ПИЈАНА“ ЗАД ВОЛАНОТ: Возела „Опел“ со 1,77 промили – полицијата ѝ го одзеде

18/02/2026

Полицијата во Прилеп синоќа санкционираше тежок сообраќаен прекршок. 37-годишна прилепчанка е лишена од слобода откако била фатена како управува возило

ДИПЛОМАТСКИ „РЕФРЕШ“: Владата предложи 9 нови амбасадори – ексминистерот Муртезани оди во НАТО

18/02/2026

Владата на денешната седница го направи првиот чекор кон пополнување на испразнетите места во дипломатската мрежа, давајќи зелено светло за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy