Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ
Македонија

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

25/01/2024

AA

Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денес на прес конференција посочи дека Димитар Ковачевски си дава оставка, а ова е почеток на крајот на СДС и ДУИ!

„Ковачевски е премиерот кој донесе само понижувања, криминал и корупција. Ковачевски е премиерот кој најмногу ја оддалечи Македонија од ЕУ, го забрза иселувањето и ја зголеми сиромаштијата.

Заради Ковачевски, Македонија оваа година го доби најнегативниот Извештај од ЕК. А пораките од европските претставници за неподносливата корупција во Македонија не запираат да доаѓаат.

Од 2% доверба во судството, до партизирана администрација и тепање на контролори на летање од бандити на ДУИ, тоа се Ковачевски и СДС.

Никогаш повеќе нема да се случи Македонија да биде водена од неспособни кадри како Ковачевски, затоа што на 8ми мај народот со ВМРО-ДПМНЕ ќе ги порази и испрати во заборав.

Почитувани,

Во изминатава година со Ковачевски како премиер се случија најголемите скандали и понижувања на македонскиот народ и Македонија.

Во време на Ковачевски безредието и криминалот по улиците ескалираа, се случија најкрвавите пресметки и убиства во центарот на Скопје, а одговорност за сторителите се уште нема, оваа влада ќе остане запаметена како неспособна да ја гарантира безбедноста на граѓаните.

Ковачевски им го зема достоинството и на пациентите болни од ретки болести, власта одеше до таму што крадеше и од болните, скандалот Диво месо во Онкологиј е пример како власта печалела и на грбот на болните од рак, кои наместо терапија добиваа физиолошки раствор.

Кога некој од друга држава би ја слушал оваа прес конференција би претпоставил дека Ковачевски бил премиер пред 100 години, особено затоа што со него учениците добиваа учебници во декември, наместо во септември, а студентите молеа за поголеми субвенции за храна.

Еден километар автопат не се изгради, а Ковачевски заедно со Груби ќе остане запаметен како човекот кој го потпиша договорот за изградба на Коридорите 8 и 10Д, за кои патем се префрлија стотици милиони евра на компанијата изведувач, а работа на терен веќе половина година воопшто нема.

И нема област во која Ковачевски може да се пофали дека направил нешто, исто како што нема област во која може да каже дека не направил скандал. Затоа почитувани граѓани, никогаш не било полошо важно е да ги поразиме“, вели Митева.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy