Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митева: 119 лица од семејствата на повредените веќе се транспортирани и сместени во странство, Владата продолжува со поддршка
Македонија

Митева: 119 лица од семејствата на повредените веќе се транспортирани и сместени во странство, Владата продолжува со поддршка

19/03/2025

AA

Портпаролката на Владата Марија Митева рече дека сосега 119 лица од семејствата на повредените во пожарот во Кочани се транспортирани и сместени во странство, во градовите каде што се хоспитализирани нивните најблиски. Овој број на членови од семејствата се менува и ќе се зголеми со оглед дека има нови транспорти на повредени за лекување во други земји. 

-До пред еден час ја имам последната информација дека 119 лица се безбедно транспортирани и сместени од семејствата на хоспитализираните во странство.  Се уште се праќаат пациенти и верувам дека има промена и на овој број и дека е зголемен. Со сите ќе стапиме во контакт, на сите ќе им биде обезбедено и транспорт, и сместување, кое ќе биде логистички најповолно за нив, во близина на самите болници каде што се сместени повредените. Се правиме што е во наша моќ да обезбедиме и барем малку да им ја олесниме состојбата на семејствата, онолку колку што можеме, рече Митева на прес-конференција. 

Таа посочи дека е соопштен и контакт број на којшто сите семејства може да се обратат и да го добијат транспортот и сместувањето што го обезбедува Владата. 

Одлуката што Владата ја најави беше официјализирана вчера на седница при што  Министерството за финансии е задолжено да обезбеди 30 милиони денари и да ги пренесе на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за помош за транспорт и сместување на најблиските на тешко повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во странство. 

Вчера попладне, кога ја соопшти одлуката на Владата, Митева рече дека одлуката ќе се однесува и на оние лица кои заминале и пред нејзиното донесување односно може ретроактивно да добијат дополнителна исплата на средства.

Во врска со иницијативите на луѓе кои нудат помош за сместување во странство, портпаролката денеска одговори дека тоа е природно и е за поздравување. 

– Како влада никогаш нема да работиме на спречување на солидарноста и помошта што доаѓа, тоа е природно и е за поздравување, рече Митева на прес-конференцијата. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy