
Мирен и сончев викенд, со температури до 30 степени
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер од северен правец.
Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец.
Следува период на стабилно и релативно топло време. Во недела попладне и во понеделник облачноста ќе се зголеми, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени. Од вторник повторно ќе биде во постепен пораст.
