
Миовски со лева ја затресе мрежата за нова куп-победа за Абердин (ВИДЕО)
Еден од најзаслужните за овој триумф беше македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, кој во 32. минута го постигна првиот гол за својата екипа и тоа со удар со левата нога во аголот на противничкиот гол. Точка на надежите на нисколигашот стави Девлин во 57. минута.
Ова беше петти гол во последните шест средби за Миовски во Шкотска, а вкупно деветти сезонава во 19 одиграни средби за Абердин.
